четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Осум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје
фото илустрација

Осум лица се полесно повредени во три од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Еден возач поминал на црвено светло и двајца пешаци не ја поминале улицата на пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој возел под дејство на алкохол и 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири  нерегистрирани возила. Затекнати биле 88 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 85 возила.