Денеска од 8 до 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници , претежно автобуси и комбиња.
При контролата откриени и санкционирани се вкупно осум неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5).Шест од нив (ТЕ-3 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, 1(ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед.
Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.
При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни орекршоци ТЕ-2 и ГВ-2).