понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Откако полицијата му го отворила багажот на аеродромот во Скопје веќе било јасно дека ќе биде уапсен

Откако полицијата му го отворила багажот на аеродромот во Скопје веќе било јасно дека ќе биде уапсен

На 12.12.2020 во 11,45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица,Р.Косово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.