вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Овие прилепчани, битолчани и ресенчани не ги почитувале мерките „полициски час“ и „самоизолација“

Овие прилепчани, битолчани и ресенчани не ги почитувале мерките „полициски час“ и „самоизолација“

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ц.(30) и Б.Б.(28) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.03.2020 во 23.30 часот, на ул.„Димче Антулески“ во Прилеп, пријавените без дозвола се движеле со патничко моторно возило „бмв“ и не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението на Македонија.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Н.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26.03.2020 околу 00.30 часот пред продажен објект на ул.„Војводинска“ во Прилеп, пријавениот без дозвола се движел и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Б.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот на 16.03.2020 остварил влез во државата на Граничен премин „Табановце“ и потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. На 25.03.2020 на ул.„Богомилска“ во Прилеп, при извршена контрола од полициски службеници, било констатирано дека истиот не бил пронајден на адреса која била наведена во изјавата како место на кое ќе ја спроведува самоизолацијата.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.Д.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.03.2020 околу 02.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, пријавената без дозвола се движела и не се придржувала кон воведената мерка „полициски час“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против В.Л.(39) од с.Покрвеник, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 24.03.2020 во 22.10 часот, пријавениот без дозвола и оправдана причина за итност се движел со патничко возило „форд“ на патниот правец Ресен – с.Царев Двор и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М.(19) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26.03.2020 во 01.25 часот пријавениот без дозвола се движел на ул.„8 Септември“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(34) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26.03.2020 во 00.30 часот пријавената била затекната на ул.„Прилепска“, во близина на место викано „Ат-пазар“ во Битола, односно не се придржувала кон воведената мерка „полициски час“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А.М.(35) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.03.2020 во 23.00 часот пријавениот без дозвола се движел на ул.„29 Ноември“ во Ресен и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против М.К.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.03.2020 во 21.20 часот пријавениот без дозвола се движел со патничко возило „алфа ромео“, на место викано „Гранит“, на излезот од Ресен кон Битола, и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 27.03.2020 во 23.05 часот пријавениот, без дозвола се движел со патничко возило на ул.„Столарска“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.С.(60) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 27.03.2020 во 22.45 часот пријавениот, без дозвола се движел на ул.„Солунска“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.