Тетовската полиција информира дека е лишен од слобода 25-годишник од Голема Речица, осомничен за кражби на три електрични тротинети и велосипеди.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 19 часот и 45 минути, во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од ова село, поради сомнение дека изминатите неколку месеци извршил три кражби на електрични тротинети и велосипеди, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.