недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Паднал додека извршувал градежни работи на покривот на црквата- со итна медицинска помош веднаш бил донесен во Скопје

Паднал додека извршувал градежни работи на покривот на црквата- со итна медицинска помош веднаш бил донесен во Скопје

Во Полициската станица Свети Николе вчера било пријавено дека околу 10.30 часот Д.Т.(65) од велешкото село Каласлари, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата „Покровение на Богородица“ во село Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе, информираат од МВР.