четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Параглајдерист падна на Галичица, итно префрлен во болница со тешки повреди

Параглајдерист падна на Галичица, итно префрлен во болница со тешки повреди
илустрација

Вчера во 14,50 часот во СВР Охрид, од вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавено е дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер.

Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.

На местото бикано „Баба“, во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев- Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал.

Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител, Зоран увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.