Денеска во 14.10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл „хамачи“, управуван од А.А.(34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол.
Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран.
А.А. е исклучен од сообраќај и изречени му се соодветни санкции.