четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

По две операции на главата, средношколецот од Штип во критична состојба

По две операции на главата, средношколецот од Штип во критична состојба

Во критична состојба е 15-годишниот средношколец, кој утринава во 9 часот и 10 минути на големиот училишен одмор беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот„Гоце Делчев“ во Штип.

Како што информираат од Клиничка болница-Штип, досега се извршени две операции на главата од страна на неврохирург. Во моментов тој е сместен во кома – центарот во штипската болница. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека момчето движејќи се по преминот заедно со група средношколци бил удрен од возило „фолсваген поло“, со штипски таблички, управувано од 68-годишниот Б.М од Кочани. Според она што се гледа на местото на несреќата, возачот со возилото неколку метри го влечел по булеварот.