среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

По недоразбирање во сообраќајот: Скопјанец добил закани со остар предмет, па му го удриле службеното возило

По недоразбирање во сообраќајот: Скопјанец добил закани со остар предмет, па му го удриле службеното возило

На 24.08.2022 во 14:45 часот во СВР Скопје, И.Б.(47) од Скопје пријавил дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот во Скопје едно лице му се заканило со остар предмет.

Според пријавеното, откако И.Б. го напуштил местото, лицето со неговото возило удрило во патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на маркетот во кој работи И.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.