вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Побарани парични казни за четворица велешани поради прекршување на полицискиот час

Побарани парични казни за четворица велешани поради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против 4 лица кои го прекршиле полицискиот час.

Тие се товарат дека не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​