Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе четири предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираа од ОЈО Припел.
-Обвинетите биле затекнати при непочитување на мерките на Владата за спречување на ширење на зарзаната болест COVID – 19, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија. За време на полицискиот час тие се движеле на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.
Заради стореното кривично дело, за секого од нив обвинителството му предложи на Судот за определи парични казни од 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.