недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица зaради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик, односно го сториле делото непочитувајќи го важечкиот полициски час, определен како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Обвинетите, информираат од ОЈО, за време на важечката забрана биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола.

-Обвинителството на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ОЈО.​