петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Почина возачoт на комбито кое го блокираше патот Делчево – М.Каменица

Почина возачoт на комбито кое го блокираше патот Делчево – М.Каменица

Почина возачот на возилото комби кое застранило од регионалниот пат Делчево – М.Каменица и притоа предизвикало застој на сообраќајот.

Од Итната медицинска помош информираат дека се работи за лице на возраст над 50 години од општина Чешиново-Облешево.

-Добивме повик од возачи кои забележале дека му се слошило на возачот на комби. По укажаната лекарска интервенција, лицето е препратено во кочанската болница, каде добивме информација дека попатно починал, информираа од делечевската Брза помош.

Од полицијата уште се чекаат детали за евентуални останати причини за несреќниот случај. Во моментот, сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица е нормализиран.