На магистралниот пат Македонски Брод- Прилеп на место викано „Тополка“, атар на Варош, во објект кој се користи како ноќен клуб настанал пожар минатата ноќ.
-Од страна на Противпожарна единица Прилеп пожарот е изгаснат, а од извршениот увид е констатирано дека непознат сторител со запалива материја предизвикал пожар во дворното место и внатре во локалот, при што е опожарен дел од инвентарот, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.