СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Д.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.
На 10/11.10.2020 во периодот од 23.20 до 00.30 часот, полициски службеници спровеле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ и при преглед над пријавениот – сопственик на објектот бил пронајден кокаин.
Исто така, при контролата било утврдено дека пријавениот оставил на располагање и просторија за уживање на наркотична дрога и на присутните лица им дал и овозможил уживање на наркотични дроги.