понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесено обвинение против 19-годишник од с.Стајковци – фрлал со камења, бекатон плочки и метални шипки кон полицајци

Поднесено обвинение против 19-годишник од с.Стајковци – фрлал со камења, бекатон плочки и метални шипки кон полицајци

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Во протестите обвинетиот учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постои опасност да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​​