сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесено обвинение против докторот кој неовластено ги снимаше пациентките во тетовската болница

Поднесено обвинение против докторот кој неовластено ги снимаше пациентките во тетовската болница

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик.

Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​