четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесено обвинение за непочитување на здравствените прописи во хотел во Маврово

Поднесено обвинение за непочитување на здравствените прописи во хотел во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи, информираат од ОЈО Гостивар.

– Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект, соопштија од обвинителство. (MИА)