четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пограничен инцидент во Охридското езеро, полицијата испукала предупредувачки куршуми

Пограничен инцидент во Охридското езеро, полицијата испукала предупредувачки куршуми

Вчеравечер во водите на Охридското езеро се случил пограничен инцидент , кога полицијата испукала четири куршуми за да спречи албански глисер да избега од Радожда во албански води.

Вчеравечер околу 22,30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро” се упатиле наспроти с.Радожда,струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија.

По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин, Р.Албанија.

За настанот се известени пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.