Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(35) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 14.12.2021, полициски службеници од ОВР Кичево извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.