петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата повторно „удри“ по возачите: 144 санкционирани возачи во Скопје

Полицијата повторно „удри“ по возачите: 144 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 19 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 53 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.