сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата повторно „удри“ по возачите- 413 санкции за брзо возење

Полицијата повторно „удри“ по возачите- 413 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи.

Од нив, 33 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 226 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 187 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.