петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата пуштена на „најјако“: За брзо возење казнети 301 возач

Полицијата пуштена на „најјако“: За брзо возење казнети 301 возач

Во текот на вчерашниот ден (22.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возач. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 189 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.