петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата трага по лицето што го подметнало пожарот во Прилеп

Полицијата трага по непознато лице кое ноќеста подметна пожар во кој целосно изгоре кафулето, „Галери хаус паб“ во строгиот центар на Прилеп.
Полицијата трага по лицето што го подметнало пожарот во Прилеп

Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола полицијата работи на расчистување на случајот.

– Полицијата и прилепскито јавно обвинителство прават увид на местото на големиот пожар во центарот на Прилеп во кој изгоре кафулето „Галери хаус паб“. Се трага по непознатото лице кои со запалива течност го подметнал пожарот. Прво, стихијата ја зафатила надворешната метална конструкција, а потоа огнот се проширил на приот и вториот кат. Екипи составени од полицијата, јавното обвинителство и стручни лица се уште прават увид на местото на пожарот, вели Миленкоска.

Прилепската противпожарна единица повикот за пожар го примила ноќеска во 3:33 часот и веднаш интервенирала со две возила и четворица пожарникари. За неполн час пожарот бил изгаснат, а допрва ќе се проценува причинетата штета која, првично се проценува на над 200 000 евра.