четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата „удри“ по моторџиите: 57 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Полицијата „удри“ по моторџиите: 57 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Денеска (07.05.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 57 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 12 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.