Во периодот од 6 јуни до 12 јуни спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 400 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив, како што се посочува, 242 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 84 возеле без возачка дозвола, 13 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола, 18 поради истечена осигурителна полиса, 14 мотоцикли биле нерегистрирани, а санкционирани се и други прекршоци.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.