четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата „удри“ по моторџиите во Гостивар

Полицијата „удри“ по моторџиите во Гостивар

Денеска (17.05.2022) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Гостивар за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 39 возачи. Од нив, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.