Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 399 возачи. Од нив, 259 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 72 возеле без возачка дозвола, седум возеле под дејство на алкохол, 10 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.