четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата упадна во кафеана во Делчево: За време на забрана имало гости

Полицијата упадна во кафеана во Делчево: За време на забрана имало гости

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Ѓ.М.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

На 19.03.2021 во 21.30 часот, полициски службеници извршиле контрола во објектот, при што затекнале четири лица-гости, сопственикот Ѓ.М. и еден вработен и било констатирано дека не се почитува работното време и протоколите за работа на угостителските објекти за време на епидемија на Ковид 19.