Денеска (03.02.2022) во 10.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Х.(48) од Скопје.
Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна од две години и шест месеци. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.