СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Б.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 25.02.2022, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле хероин, амфетамин, метаамфетамин, марихуана и семки од растението канабис.