четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата во Струмица казни голем број на возачи

Полицијата во Струмица казни голем број на возачи

СВР Струмица на 14.07.2021 презеде засилени мерки над возачите на мотоцикли, при што биле констатирани 18 прекршоци, од кои 4 за некористење на заштитен шлем-кацига за време на управување на мотоцикл, 4 за управување без возачка потврда/дозвола, по 2 прекршоци за нерегистриран мотоцикл, изминат рок на важност на регистрација и изминат рок на важност на осигурителна полиса и 4 останати прекршоци.

Еден мотоцикл бил одземен. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Денеска (15.07.2021) СВР Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 29 прекршоци, од кои 10 поради управување со возило со брзина помеѓу 30 и 50 километри на час над дозволената и истите се соодветно санкционирани.