Татко и син биле уапсени вчера вечерта во акција на полициски службеници од СВР Тетово.
Оттаму информираат дека од 20:45 часот до 21:35 часот, полициските службеници извршиле претрес во домот на 18-годишниот А.Џ. во гостиварска Долна Бањица.
-При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се 8 куршуми калибар 9 милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол. А.Џ. и неговиот татко Е.Џ.(57) лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.