среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полициски службеник нападнат во Куманово

Полициски службеник нападнат во Куманово

Кумановската полиција вчера уапсила 66 годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи,  информираа денеска од СВР Куманово.

-Вчера околу 18:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(66) од село Брест, општина Липково со живеалиште во Норвешка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, наведува во соопштение СВР Куманово.

А.И. бил приведен во СВР Куманово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (МИА)