Денеска околу 00.30 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, удрило во метална ограда на тротоар од улицата.
Повредени нема, а увид извршила екипа од СВР Велес. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истарги и професионални стандарди, информираат од МВР.