недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец повреден во сообраќајка во Скопје

Полицаец повреден во сообраќајка во Скопје

На 23.02.2023 во 15:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(54) од с.Јанче и патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на полициското возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.