среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата казни 396 возачи, возеле со брзина поголема од дозволената

Полицијата казни 396 возачи, возеле со брзина поголема од дозволената

Во текот на вчерашниот ден (07.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 396 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 214 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.