четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата напиша 186 санкции за брзо возење

Полицијата напиша 186 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 65 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.