недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе дилери, меѓу нив и Турчин

Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе дилери, меѓу нив и Турчин

На 04.08.2023 во 23.35 часот во кругот на поранешна касарна во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода Н.И.(26) од Свети Николе и М.М.(27) од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени таблети и розова прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.08.2023 во 00.30 часот во кругот на поранешна касарна во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода В.Н.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.08.2023 во 23.15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Д.(43) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.08.2023 во 16.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.С.(26) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.08.2023 во 03.00 часот на ул.,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(31), К.И.(28) и Б.Р.(29), сите од с.Градец, гостиварско, затоа што до нивното возило била пронајдена и одземена ќесичка со марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.08.2023 во 14.00 часот на наплатна рампа Тетово-Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.А.(56) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.