среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поради марихуана фатени 4 лица – еден ја набавил, втор ја купил, други лица ја користеле

Поради марихуана фатени 4 лица – еден ја набавил, втор ја купил, други лица ја користеле

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ и против М.В.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 16.02.2023 на локалниот пат од село Пирок кон автопатот, полициски службеници извршиле преглед на возило, во кое се превезувал пријавениот М.В., при што кај него била пронајдена марихуана, која ја набавил од првопријавениот Д.С., а им овозможил да ја користат другите две лица кои биле со него во возилото.