четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Постапка против 11 лица во Велес заради прекршување на полицискиот час

Постапка против 11 лица во Велес заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Велес до велешкиот Основен суд денеска поднесе предлози за издавање казни во висина од по 800 евра против 11 лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Лицата го прекршиле полицискиот час и биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации низ градот спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ОЈО.

Велешкото обвинителство предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.​

Лицата се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.