понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повреден е полицаец, изгубил контрола и со возилото излетал од патот

Повреден е полицаец, изгубил контрола и со возилото излетал од патот

На 13.06.2023 околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„172“ во Скопје, полициски службеник, управувајќи патничко возило „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, при преземање службени дејствија, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Притоа, со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.