Педесетгодишниот С.Х. од село Шипковица, тетовско, вчера се повредил при вршење градежни работи на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес. Тој, како што информираат денеска од СВР Велес, бил пренесен во велешката Општа болница, каде му била констатирана тешка телесна повреда и е задржан на лекување.
Портпаролот Верољуб Додевски информира дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Велес.
Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов од Хирушкото одделение на велешката Општа болница работникот има скршено четири ребра на градниот кош и е задржан за натамошно лекување во велешката Општа болница.