среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени малолетници од Битола: Со мопед удриле во пешак и во паркирано возило

Повредени малолетници од Битола: Со мопед удриле во пешак и во паркирано возило

Малолетник кој управувал со мопед и малолетна сопатничка се здобија со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа што се случи во Битола.

Од СВР-Битола информираат дека несреќата се случила синоќа на улицата „Ружа Делчева“ во Битола, кога мопед „Априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетен битолчанец, удрил во пешакот Б.В. (70) од Битола и во паркирано возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата малолетна сопатничка, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.