На 28.07.2021 во 21:25 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.
Во разговор со полициски службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица кои користеле остар предмет.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.