На 29.04.2022 во 08.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај превојот „Стража“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(27) од с.Делогожда, струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ж.(49) и уште еден малолетен сопатник, двајцата од с.Делогожда, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.