вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредениот маж во пожарот на Зелен пазар на домашно лекување

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Повредениот маж во пожарот на Зелен пазар на домашно лекување

Е. Х. (53) кој вчера при гаснење на пожар на Зеленото пазарче во Скопје се здобил со изгореници на двете дланки на рацете, по санирањето на повредата во ГОБ „Свети Наум Охридски“ е пуштен на домашно лекување.

Во пожарот, како што соопшти МВР, биле опожарени три тезги, а една е целосно изгорена.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. (МИА)