петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредениот шумски полицаец бил нападнат од четири лица во Кавадарци

Повредениот шумски полицаец бил нападнат од четири лица во Кавадарци

Шумскиот полицаец синоќа бил нападнат од четири лица при што се здобил со тешки повреди, информираат денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, Р.„Н“ и уште три лица физички го нападнале Д.Ј.(45) од Кавадарци, а при нападот користеле и тврд предмет. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, рекоа од СВР Велес.

МИА утринава објави дека кавадарчанец, инаку вработен како шумски полицаец, бил тешко повреден синоќа околу 23 часот на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци.

– Лицето се здобило со потешки телесни повреди, со три отворени рани на главата. Од кавадаречката болница, повредениот беше пренесен до Клиниката за неврохирургија во Скопје, заради крварење во главата, рече утринава за МИА, доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош Кавадарци.

Како што веќе информиравме, дознаваме дека полицаецот не бил на должност. Неофицијално, можно е да бил претепан од лица кои претходно биле фатени во кражба на дрва.