среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ПОВРЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ: Пожар во куќа во крушевско

ПОВРЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ: Пожар во куќа во крушевско

Едно лице е повредено во пожар што избувнал ноќеска во куќа во крушевското село Пресил.

Територијалната протовпожарна единица Крушево интервенирала во гаснењето на пожарот од 03:05 до 08:00 часот со осум пожарникари и три противпожарни возила.

Од Регионалниот центар на за управување со кризи Битола информираат дека во пожарот едно лице се здобило со телесни повреди и со амбулантно возило на Итна медицинска помош е пренесено до најблиската здравствена установа.